Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Алиоски остана на клупа – Хименез му донесе победа на Вулвс кај Лидс

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски не доби шанса за нов премиерлигашки настап во дресот на Лидс Јунајтед. Со гол на Раул Хименез, Вулверхемптон со 1-0 славеше на гостувањето кај Лидс.

Голманот на Лидс имаше неколку одлични интервенции, но едноставно не можеше да го запре ударот на Раул Хименез, кој се одби од фудбалер на домаќините и заврши во мрежата за водство од 1-0 на гостинскиот тим.

За Вулверхемптон ова е трета победа во Премиер лигата во новата сезона, додека Лидс ја заврши серијата од три меча без неуспех и загуби вторпат, по оној стартен пораз во лудиот меч со Ливерпул.

loading...

Facebook