Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Аматерска грешка на Хандановиќ, Интер преку пресврт до победа

По поразот од Болоња и ремито против Верона, Интер конечно победи. Совладан е Торино на „Џузепе Меаца“. До оваа победа тимот на Конте стигна преку пресврт и славеше со 3:1.

Сепак, во првиот дел, во 17-та минута искусниот голман Самир Хандановиќ направи аматерска грешка, па практично му подари гол на Белоти, испуштајќи ја топката од рацете.

Во вториот дел Интер набрзина преку Јанг и Годин направи пресврт за 2:1, а потоа Лаутаро само ја потврди победата.

Со овие три бода Интер скокна на второто место со 68 бодови, осум помалку од лидерот Јувентус.