Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Анри откри дека зад кавгите и гушкањата на Де Брујн и Гвардиола се крие некаква приказна

ВО ЕДЕН момент од реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, во кој Манчестер Сити го декласираше Реал Мадрид и го совлада со 4-0 за вкупни 5-1 и пласман во мечот за титулата, беше фатен момент кој многумина го протолкуваа како расправија помеѓу Пеп Гвардиола и Кевин Де Брујн.

„Додај ја топката, додај ја топката! Викна тренерот на Сити на својата ѕвезда која предолго ја влечеше и ја загуби. Тоа во тој момент не му се допадна на Де Брујн, па се сврте кон клупата и почна да вика: Замолчи! Тоа не беше расправија меѓу двајцата, кои си паднаа во прегратка по натпреварот, само момент на тешка контрола на нивните емоции“, коментирајќи за тоа што се случило, Тиери Анри делумно ја открил позадината на приказната.

„Прегратката беше трогателна. Не можам да кажам зошто, морам да ја задржам за себе. Но поради тоа што ми го кажа, уште повеќе го почитувам поради тоа како ја играше играта и се бореше за својот тим. Не можам да кажи што ми рече, но така е“, рече Анри и истакна дека Де Брујн е клучен играч на Сити за него.