Фудбал
ВИДЕО: Арогантен е, самобендисан, но никој не може да каже дека Ибра и на 38 години не е голем играч
По рестартирањето на сезоната Милан игра како препороден. Седум победи од девет меча, барем два гола постигнати на натпревар. Поради добрите резултати во овој дел од сезоната, Пиоли доби награда и продолжен договор до 2022 година.
Синоќа го совладаа Сасуоло со 2:1, а главниот виновник за овие резултати по завршувањето на сезоната нема да биде тука. Златан Ибрахимовиќ се чини дека со неговото доаѓање го препороди овој тим, а токму тој синоќа беше стрелец на два гола за нови три бода на „Росонерите“. Арогантен е, самобендисан, но никој не може да каже дека Швеѓанецот не е голем играч, иако има 38 години.
Милан има 59 бодови, во моментов е на петото место и се чини дека до крајот со Рома и Наполи ќе се бори за пласман во Лига Европа.