Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Арсенал елиминиран од Саутемптон – ФА купот ќе има нов шампион!

Саутемптон на домашен терен го победи Арсенал со 1:0. Во шестиот меч во ФА купот помеѓу овие ривали, Саутемптон ја забележаа првата победа.

Единствениот гол беше постигнат во 24 минута, кога Габриел го совлада сопствениот голман, Бернд Лено. Кајл Вокер-Питерс помина по десната страна, центрираше, а потоа Габриел невнимателно реагираше и ја испрати топката во својата мрежа.

Арсенал беше тимот кој создаде посериозни шанси и притискаше за изедначување, а Саутемптон чекаше шанси од контра напади. Од редовите на Саутемптон најмногу се закануваше Ингс.

„Светците“ во осминафиналната фаза ќе се сретнат со Вулверхемптон.