Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Астон Вила го „преслуша“ Арсенал – топчиите без муниција

Арсенал доживеа пораз на домашен терен на мечот со Астон Вила (0-3).  Астон Вила е најчудниот тим во Премиер лигата оваа сезона и нејзините изданија уште долго ќе бидат предмет на длабока анализа.

Вториот неуспех во низа на „Емирати“ за фудбалерите на Микел Артета донесе пад на единаесеттата позиција на табелата во Премиер лигата.

Тимот од Бирмингем знае да загуби дома од Лидс и Саутемптон, но на Ливерпул му даде седум гола, а го згази Арсенал не Емирејтс со 3-0. Сосема заслужено бидејќи доминираше во текот на сите 90 минути, постигна гол во првата минута, но тој беше поништен поради офсајд, по прегледувањето на ВАР.

Малку помогна и Арсенал бидејќи Сака си постигна автогол во првото полувреме, но затоа Воткинс во 72. и 75. минута два пати ја затресе мрежата на „топчиите“ за убедлива победа на Вила.

По осум одиграни меча Арсенал има само 12 бодови и негативна гол разлика од 9 дадени и 10 примени погодоци.

loading...

Facebook