Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Аталанта повторно е хит, преку Ајакс до нокаут фазата од ЛШ

Откако минатата сезона стигна до осминафиналето, каде беше елиминирана од ПСЖ, сезонава повторно е хит, бидејќи успеа со победа на гостински терен против секогаш квалитетниот Ајакс во директна пресметка да слави со 1:0 и да го освои второто место во групата. Со ова заедно со лидерот Ливерпул, кој одигра 1:1 на гостувањето кај Мидтјиланд се пласираа во нокаут фазата.

Ливерпул има 13 бодови, Аталанта 11, Ајакс 7, а Мидтјиланд два бода.

Стрелец на голот за Аталанта кој знаеше победа и пласман во следната рунда Муриел во 85-та минута, а кој во игра влезе десетина минути претходно.

Ова е секако голем успех за италијанскиот тим ако се знае дека претходната сезона дебитираше во Лигата на шампионите, а оваа по втор пат е дел од „елитата“.