Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Атлетико Мадрид имаше среќа, останува лидер, Елче не реализираше пенал во 91.минута

Атлетико Мадрид останува лидер на табелата во Шпанија со 76 бодови, пет повеќе од Реал Мадрид и Барселона и натпревар повеќе на четири кола до крајот на сезоната. „Јорганџиите“ го совладаа Елче како гостин со минимални 1:0, но мора да се признае дека тимот на Диего Симеоне имаше среќа. Противникот во 91.минута не реализираше пенал. Вака, со голот на Љоренте во 23-та минута Атлетико Мадрид стигна до нови три бода и остана лидер на табелата.