Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Атлетико шокиран во 89. минута и Суарес не е семоќен

Екипата на Атлетико Мадрид прокоцка огромна шанса да ја продолжи фантастичната серија победи во Примера. Луис Суарес постигна два гола, но тоа не му помогна на Атлетико, Селта извлече реми 2-2 во самиот финиш од натпреварот во рамки на 22.коло.

На врвот од Ла лига, сега „јорганџиите“ имаат 51 бод, 8 повеќе од Барса и Реал, кои се наоѓаат на втората и третата позиција.