Фудбал
ВИДЕО: Баер Минхен победи во Париз, но ПСЖ оди во полуфинале
ПСЖ се пласираше во полуфиналето во Лигата на шампиони и покрај тоа што загуби со 0-1 од Баерн Минхен.
Баерн имаше повеќе од поседот на топката, но ПСЖ беше тимот што апсолутно доминираше на теренот. Нејмар беше играчот што се најде во фокусот на вниманието, откако Бразилец промаши четири одлични шанси, двапати погаѓајќи ја рамката од голот на Нојер. Неполна минута по неговиот втор дирек, Баерн стигна до водство преку Чупо Мотинг, кој се најде на вистинското место по една одбиена топка и ја смести во мрежата.
Противник на ПСЖ во полуфиналната фаза ќе биде подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, кој е закажан за среда навечер.