Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Баерн Минехн „прокоцка“ – Вердер освои голем бод во Минхен

Баерн Минхен одигра само реми 1-1 против Вердер Бремен во натпревар од 8. коло во германската Бундес-лига. Фудбалерите на Баерн Минхен, неочекувано, не дојдоа до планираните три бода во пресметката на домашен терен.

Гостите од Бремен поведоа во завршницата од првиот дел со голот на Егестајн, но во продолжението Коман успеа да постигне гол за израмнување. Баерн не успеа во преостанатите 30-тина минути да дојде до победата. Овој меч беше одбележан и од повредата на Лукас Ернандез. И покрај киксот, Баерн со 19 бода останува лидер во Германија.

На домашен терен киксна и Борусија Менхенгладбах која одигра нерешено со Аугсбург (1-1), иако скоро половина час играше со играч повеќе. Волфсбург, пак, ја продолжи кризата во Шалке, победувајќи како гостин со 2-0. Фудбалерите на Баер Леверкузен единствени ја потврдија фаворитската улога на гости кај Арминија Билефолд (2-1), додека Хофенхајм и Штутгард одиграа со многу голови (3-3).

РЕЗУЛТАТИ БУНДЕСЛИГА 8. КОЛО:

Арминија Билефилд – Баер Л. 1-2

Борусија М. – Аугзбург 1-1

Баерн М. – Вердер Б. 1-1

Хофенхајм – Штутгарт 3-3

Шалке 04 – Волфсбург 0-2

loading...

Facebook