Фудбал
ВИДЕО: Баерн Минхен без проблем со Челзи – патува во Лисабон
Фудбалерите на Баерн Минхен само ја потврдија започнатата мисија од Лондон. По убедливата победа од 3:0 на првиот меч во Лондон, германскиот шампион со убедливи 4:1 го реши и реванш дуелот со Челзи, овој пат на својот стадион.
Натпреварот започна со водство на на Баерн, Левандовски погоди од пенал во 10 минута, следуваше гол на Перишиќ за 2-0 во 24 минута.
Челзи сепак успеа да стигне до мрежата на Нојер, по една невнимателна реакција на голманот. Топката се одби до осамениот Тами Абрахам кој лесно стрелаше во празната мрежа.
Полскиот напаѓач продолжи со одличната игра во нападот и по втор пат се запиша меѓу асистентите, кога го пронајде Корентин Толисо на пет метри од голот, а Французинот зголеми на 3-1 во 76. минута.
Конечно, точка на натпреварот и двомечот стави Левандовски, кој стигна и до вториот погодок, откако најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Кабаљеро и ги постави конечните 4-1.
Баерн Минхен лесно мина во овој двомеч, па на двата дуели во Англија и Германија со огромни 7-1 го декласираше младиот состав на Челзи.