Фудбал
ВИДЕО: Баерн во пријателски натпревар го совлада Манчестер Јунајтед
Фудбалерите на Баерн Минхен во пријателски натпревар го совладаа Манчестер Јунајтед со 1:0.
Натпреварот му послужи на двете екипи како проба пред почетокот на новата сезона, а ако по утрото денот се познава, тогаш можеме да кажеме дека Баерн моментално е во нешто подобра позиција.
Првото полувреме од натпреварот не донесе некои опасни шанси и на двете страни. Сепак, Баерн во второто полувреме доминираше на теренот и создаде неколку добри шанси, а една од тие шансите искористи Хави Мартинез и тоа во 59. минута од натпреварот. До крајот и Робен постигна гол, но тој беше поништен поради офсајд.
Инаку и за двете екипи ова беше последна проба пред официјалниот старт на сезоната кој за едните почнува на 12. август, а за другите на 10. август. Баерн во Суперкупот на германија ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт, додека Манчестер Јунајтед во Премиер лигата на 10. август ќе го пречека Ластер Сити.