Кошарка
ВИДЕО: Балканците растураат во НБА лигата, Јокиќ незапирлив, а Дончиќ реди рекорди
Никола Јокиќ игра во животна форма во НБА лигата. Уште еден забележителен меч. 30 поени, 14 скокови, 7 асистенции. Ова беше неговата одлична статистика по мечот на Денвер против ЛА Клиперс, кој неговиот тим го доби со 110:194.
Со овој триумф, Денвер на табелата ги престигнаа Клиперси и сега се наоѓаат на третата позиција во Западната конференција.
Далас против Вашингтон оствари победа со 125:124.
Повторно човек на одлука беше Лука Дончиќ. Словенецот во победата на Мавси уфрли 31 поени, запиша 12 скокови и подели рекордни 20 асистенции. Пред оваа вечер само тројца играчи во НБА успеале да остварат трипл-дабл учинок со најмалкуи 30 поени, 10 скокови и 20 асистенции.
Пред Дончиќ тоа им успеа само на Оскар Робертсон, Меџик Џонсон и Расел Вестрбук, а токму Вестбрук во овој натпревар беше најефикасен со дури 42 поени за Визардси.
НБА лига, резултати –
Шарлот – Детроит 107:94
Хјустон – Голден Стејт 108:97
Атланта – Чикаго 108:97
Кливленд – Мајами 107:124
Минесота – Њу Орлеанс 136:140 (продолжение)
Оклахома – Индијана 95:112
Орландо – Мемфис 112:111
Далас – Вашингтон 125:124
ЛА Клиперс – Денвер 104:110
Јута – Торонто 106:102