Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Балотели повторно дивееше на теренот, а само што помисливме дека пораснал

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели по се изгледа дека не планира да порасне, тој сè уште прави луд работи и се однесува како тинејџер.

Тој имаше различни инциденти во последниве години, но кога сите тие ги заборавивме, мислевме дека тој стана сериозен и дека сфатил дека има доволно години за да престане да се однесува недолично на теренот, тој си продолжи по старо.

Иако постигна гол во победата на Ница против Монпеље од пенал, тој повторно направи мешаница пред голот. Откако го изведе пеналот и погоди, играчите на Монпеље сакаа да ја вратат топката на центарот што е можно поскоро, а токму тогаш италијанецот збесна.

Иако прво го удри противничкиот играч, се покажа како тој да е жртвата. Ништо ново кога Супер Марио е во прашање.