Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Барнли и Шефилд ги поделија бодовите, дефанзивците се покажаа како одлични голгетери

Екипите на Барнли и Шефилд ги поделија бодовите, откако денеска одиграа 1-1, во рамки на 33. коло во Премиер лигата.

Капитенот на Барнли, Џејмс Тарковски најави победа на својот тим против Шефилд јунајтед со погодок во финишот на првото полувреме, но гостите со голот на Џон Иган во последните минути од мечот израмнија и освоија бод.

Интересно е што стрелците играат на стоперските позиции, а денеска беа во главните улоги и во нападот.

Тарковски успеа да се снајде одлично во 43. минута и ударот со глава на Џеј Родригес да го искористи како асистенција за вториот негов гол сезонава.