Фудбал
ВИДЕО: Барселона го суреди Наполи и си закажа дуел во Лисабон
Шпанска Барселона е последниот патник на Ф8-турнирот во Лигата на шампионите во Лисабон. По вечерашните убедливи победи над Челси и над Наполи, двата тима патуваат на фајнал-ејт турнирот во Португалија, каде ќе се пресметаат за пласман во полуфиналето.
Барселона одигра атомско прво полувреме против Наполи, постигна три гола (всушност четири, но еден поништен поради игра со рака) и со 3-1 го совлада италијанскиот клуб. Ленгле, Меси и Суарес од пенал се погрижија за водство од 3-0 на каталонскиот тим, а Инсиње исто така од белата точка го постави конечниот резултат уште пред истекот на првото полувреме.
Македоскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните 11 минути од мечот, а Аркатиуш Милик даде гол кој му беше поништен од офсајд на девет минути пред крајот, за Ирвинг Лозано на пет минути пред крајот да погоди дирек, по што Наполи не успеа да влезе во неизвесна завршница и фириозното прво полувреме на Барса практично го реши мечот.
Барселона и Баерн не играле меѓу себе во Лигата на шампионите од 2015 година кога шпанскиот тим славеше со вкупно 5-3, а потоа ја освои и титулата во ова натпреварување.