Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Барселона се изнамачи против третолигаш, ќе има реакции за победничкиот гол постигнат во 95.минута

Барселона го совлада третолигашот Ибица со 2:1 и се пласираше во осминафиналето на Купот на Кралот. Пред околу 6500 гледачи, мечот за Каталонците почна шокантно. Домаќините во 9.минута поведоа преку Пеп Кабале.

Со овој резултат заврши првото полувреме, а по неколку измени во вториот дел, стигна израмнувањето преку Гризман во 72-та минута.

За победа на првакот на Шпанија се чекаше до 95-та минута, а стрелец повторно беше Гризман. Интересно е да се види реакцијата на домаќините по мечот бидејќи при исфрлувањето на топката од страна на голманот, на почетокот на акцијата, двајца домашни фудбалери лежеа на теренот, а играта не беше прекината.

Барселона на овој дуел настапи без Меси, Пике, Бускетс, секако го немаше Суарез кој е повреден, а формацијата на Сеитен беше 3-4-3 со ленглет како единствен класичен стопер, а во последната линија беа бековите Роберто и Жуниор.