Фудбал
ВИДЕО: Барселона славеше над Атлетик Билбао и се изедначи со Реал
Во рамки на шпанската Примера, екипата на Барселона ја оствари целта и славеше над Атлетик Билбао (2-1) и се изедначи со Реал Мадрид на втората позиција.
Лионел Меси со фантастичен погодок од слободен удар донесе радост на домашниот тим во првото полувреме. За Меси ова беше јубилеен 650 погодок во дресот на Барселона во сите натпреварувања.
Во 74. минута Антоан Гризман го погоди гостинскиот гол за ново водство, овој пат и конечни 2:1 за 12-та сезонска победа на Барселона која го врати каталонскиот гигант на 2. место на табелата, веднаш зад Атлетико (М) и со идентичен број на бодови како и најлутите ривали – Реал (М).