Кошарка
ВИДЕО: Батлер го повика Јокиќ на физичка пресметка откако жестоко го нападна Морис
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се најде во центарот на вниманието откако беше исклучен од натпреварот против Мајами Хит.
Денвер победи пред своите навивачи против Хит со 113:96, а најдобар во тимот беше Јокиќ со 23 поени, 15 скока и дури десет асистенции.
Сепак, српскиот кошаркар ги загуби нервите во самиот финиш на мечот по прекршокот на Маркиф Морис.
Морис го фаулираше Јокиќ во центарот на паркетот, а тоа не му се допадна на српскиот кошаркар кој реши да возврати. Јокиќ силно го турна Морис од грбот, а потоа оправдано беше избркан.
Овој потег не им се допадна на останатите кошаркари на Мајами, а некако најгласен беше Џими Батлер кој во еден момент отиде до клупата на Денвер каде седеше Јокиќ и го повика да се пресмета.
Откако соиграчите на Батлер некако го смириле, тој му покажал на Јокиќ дека ќе го чека по натпреварот во соблекувалната.
Jimmy Butler had words for Nikola Jokic after his foul on Markieff Morris. pic.twitter.com/iZnZbDs7uH
— SportsCenter (@SportsCenter) November 9, 2021
Сепак, во Денвер најмногу се плашат дека НБА лигата може сериозно да го казни Јокиќ, па дури и да го суспендира поради насилничко однесување на синоќешниот натпревар.