Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Бесен навивач во Барселона ја преврти камерата, погледнете ја одмаздата на режисерот

Фудбалерите на Барселона во неделата ја обезбедија 27-та титула на шпанскиот шампион откако на гостински терен го совладаа градскиот ривал Еспањол со 4:2 во натпреварот од 34.коло. Фудбалерите на Барселона го започнаа славјето на теренот, но многу брзо побегнаа од него откако на теренот истрчаа гневните навивачи на домашната екипа.

Во телевизискиот пренос се виде како играчите на Барселона ги поздравуваат своите навивачи, а веќе во следниот момент почнаа да трчаат соблекувалните на стадионот каде спасот го бараа од приврзаниците на домашниот тим.

Еден од нив се истакна по тоа што е особено глупав откако реши да ја скрши камерата со која се емитуваше натпреварот. Тој го сокри лицето под јакната и ја преврте скапата опрема, а потоа побрза да се сокрие на трибините, веројатно надевајќи се дека ќе се изгуби во толпата. Режисерот на преносот имал други планови и втората камера не го поместила фокусот од него.

Facebook