Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Боксер се бори за живот, по меч е во вештачка кома

Колумбискиот боксер Луис Кињонес е ставен во вештачка кома по натпревар, објави медицинската клиника во Баранкила, повикувајќи се на канадскиот телевизиски канал RDS.

Во саботата Кињонес учествуваше во борба во категоријата до 63,5 килограми против Венецуелецот Хозе Муњоз во Баранкиља. Борбата заврши во последната, осма рунда со тежок нокаут на Кинонес, кој беше изнесен од рингот на носилки и итно пренесен во болница.

На боксерот му беше извршена операција на мозокот и два дена беше ставен во вештачка кома. Лекарите се на мислење дека се уште постои голема опасност по неговиот живот.

25-годишниот Кињонес има 10 победи (6 со нокаут) и 1 пораз во професионалниот ринг од 2018 година.