Други спортови
ВИДЕО: Борбата во Дагестан која предизвика голем интерес во целиот свет
ММА спортот во Дагестан е многу популарен, а најпопуларен секако е еден од најдобрите на сите времиња Кабиб Нурмагомедов. Голем број на деца, поради популарноста на спортот, се одлучуваат за боречки вештини. Но, сите може да ги надмине борбата која може да се случи наскоро.
Дуелот на 18-годишната интернет сензација Хасбула Могамедов и неговиот 17 годишен ривал Тајик Абдурозик, привлече големо внимание во целиот свет. Соочувањето е веќе најавено.
Треба да се додаде дека двајцата тинејџери имаат синдром кој ги спречил нормално да се развиваат и имаат изглед како да имаат пет или шест години.