Други спортови
ВИДЕО: Борбата во која Георгиевски на Олимписките игри го растури светскиот првак
Најголемиот адут за медал на Македонија на ОИ во Токио Дејан Георгиевски на патот за четвртфиналето во таекводно категорија +80 килограми го совлада светскиот првак Рафаел Алба од Куба. Македонецот ја доби првата рунда со 5:1, иако противникот го освои првиот поен. Дејан ја зголеми предноста по втората рунда која изнесуваше седум поени (10:3). На крајот Георгиевски успеа со 11:8 да слави победа. Еве како изгледаше тоа.