Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Борецот се налутил што натпреварот бил прекинат, па предизвикал невиден хаос

Невидена пресметка се случи пред неколку дена во организацијата на Руското првенство во хардкор фајтинг.

По боксерскиот меч со ракавици меѓу Шерзод Кајмов и Ада Бајраков настана целосен хаос во и околу арената.

Судиската одлука да го прекине натпреварот и победата да му ја додели на Кајум го налути Бајрак, кој потоа реши да се пресмета со противникот.

Започна размената на удари, настана целосен хаос во кој се вклучија екипите на двајцата борци.

Целосниот хаос се прошири надвор од бојното поле, паднаа удари, а по неколку минути обезбедувањето успеа да ги спречи завојуваните страни.