Фудбал
ВИДЕО: Ботошани пред Шкендија прими гол од – пола терен
Романскиот тим Ботошани каде што играат двајцата македонски фудбалери Стефан Ашковски и Давид Бабунски вчера одигра 1:1 против Динамо Букурешт во третото коло од новата сезона.
За Ботошани цел меч одигра Бабунски, а Ашковски играше до 67-та минута, ама иако водеа, на крајот освоија само бод и не го продолжија стоотстотниот ефект на почетокот на сезоната, зашто примија гол од – пола терен.
Имено, Шпанецот Борха Вале од својата половина испрати вистинско „торпедо“ кон противничкиот гол откако забележа дека гостинскиот голманот Едуард Папа не е на гол линијата
Вале во игра за Динамо влезе на стартот на вториот дел, а во 71 минута со прекрасниот погодок донесе израмнување за конечни 1-1.