Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Брајтон ја изненади Астон Вила, со трите бода се одлепи од опасната зона

Брајтон и Хов Албион успеа да приреди изненадување, совладувајќи ја на гостински терен Астон Вила со 1-2. Играчите на Астон Вила по блескавата победа над Арсенал, во Лондон, беа фаворити, но таа улога не ја оправдаа на теренот.

По една лоша поставеност на домашната одбрана, Адам Лалана испрати топка во празно до Дени Велбек. Поранешниот англиски репрезентативец истрча сам до крај и со прекрасен лоб обезбеди рано водство за гостите.

Фантастичниот старт на сезоната за Астон Вила е минато, бидејќи по четирите врзани победи, екипата на Дин Смит запишаа три порази на последните четири меча.

loading...

Facebook