Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Буфон и на 42 години како мачка, но не успеа да се израмни со Малдини

Да не беше Џанлуиџи Буфон, веројатно Наполи уште во регуларниот дел од мечот против Јувентус ќе го освоеше пехарот во Купот. Сепак, благодарејќи на него, Елиф Елмас не постигна гол во последните моменти од мечот.
Иако, има 42 години, сепак Буфон уште еднаш покажа дека има голем квалитет во него. Но, за негова жал на крајот се поразени на пенали, па не успеа да се израмни со легендата на Милан, Паоло Малдини по бројот на освоени пехари во Купот. Малдини има шест, додека Буфон остана на пет.