Фудбал
ВИДЕО: Челзи губеше со 3-0, Абрахам во 93. минута го спаси
Челзи и покрај милионските засилувања никако не може да застане на здрави нозе во новата сезона на Премиер лигата. Домаќините тргнаа фуриозно во мечот и од три шута кон голот на Вили Кабалјеро, постигнаа дури три голови. Двапати во листата со стрелци се запиша Робинсон, додека еднаш погоди Бартли.
Челси се извлече од бездната барем да избегне нов пораз во новата сезона од Премиер-лигата, овој пат во 3. коло на гостувањето против ВБА. „Сините“ и покрај негативата од 3-0 по првото полувреме успеаја да стигнат до конечни 3-3.
Со два гола на Робинсон во првите 25 минути, ВБА веќе имаше предност од 2-0, а Бартли во 27. минута веќе зголеми и на 3-0.