Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Челзи победи на тешкото гостување, играчите на Лампард без проблеми со Њукасл!

Челси го совладаа Њукасл во првиот натпревар од деветтото коло во англиската Премиер лига со 2:0 и по девет одиграни кола привремено се искачи на лидерското место во елитата за првпат оваа сезона.

„Сините“, во Њукасл, рутински дојдоа до победата. Целосно ја контролираа играта, иако и домаќините имаа неколку закани кон голот на Менди.

Проблем за менаџерот Стив Брус беше повредата на капитенот Ласелс кој беше заменет од Шар на стартот од вториот дел.

Челзи по девет одиграни кола има 18 освоени бода, а во следното коло го чека лондонско дерби на домашен терен против Тотенхем на Мурињо. Њукасл, пак, ќе гостува кај Кристал Палас.

loading...

Facebook