Ракомет
ВИДЕО: Чешкиот голман преку Македонија во друштво на најдобрите
Македонија загуби на вториот меч од ЕП во ракомет од Чешка со 27:25. Одигравме добро едно полувреме, кое не беше доволно да се избегне пораз. Чешкиот голман Мартин Галија имаше добар меч и забележа 14 одбрани. Токму една фантастична интервенција при налетот на Георгиевски му донесе место помеѓи топ 5 одбрани, односно трета најдобра во саботните мечеви.