Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дали Барселона ќе го врати од позајмица по оваа грешка?!

Жан Пјер Тодибо од Барселона како позајмен игра во германскиот тим Шалке. Во попладневниот меч неговиот тим загуби на домашен терен од Вердер Бремен со 1:0. Директен виновник за поразот и голот е токму тој. На средината на теренот се обиде да дрибла, да изигрува голема ѕвезда, топката му е одземена и казната стигна.

Се поставува прашање дали Барселона ќе го врати на „Камп Ноу“ по оваа грешка, особено ако се знае дека во изминатиот период многу се спомнува неговото име за евентуална размена со други клубови за евентуални засилувања на Барселона.