Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дали е ова причината поради која Сетиен го продаде Артур на Јувентус?!

Артур Мело е продаден на Јувентус, а Барселона го доби Пјаниќ плус 10 милиони евра. Артур постојано одбиваше да замине од каталонскиот тим, но тој не се прашување, така сакаше тренерот Кике Сетиен, но и раководството.

По доаѓањето во Торино и потпишувањето на договор со Јувентус, Артур изјави дека повеќе нема да настапува за Барса, иако има право до завршувањето на оваа сезона која беше прекината поради коронавирусот.

„Марка“ објави видео од  еден тренинг на Барселона, како Артур му ја протнува топката низ нозете на тренерот Кике Сетиен, кој според изразот на лицето не беше премногу задоволен од „понижувањето“. Сепак, ова повеќе се работи за Твитер шеги на сметка на тренерот на Барселона, отколку дека е вистинска причина за заминувањето на Артур.