Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Фудбал

ВИДЕО: Дали конечно Гризман се разигра, „тики-така“, па мајсторски гол на Французинот

Антоан Гризман трет меч во низа постигнува гол во дресот на Барселона. Дали конечно Французинот се разигра? Барселона славеше со 3:0 на гостувањето кај Ференцварош, а првиот гол го постигна Гризман во 14-та минута велемајсторски со пета по додавањето на Алба. Брајтвајт и Дембеле од пенал беа стрелци на преостанатите два гола.

Од оваа група Г, со идентичен резултат од 3:0 Јувентус славеше против Динамо Киев. Киеза, Роналди и Мората погодија. Тука се е јасно, Барселона и Јувентус се пласираа во нокаут фазата, а Динамо Киев и Ференцварош кои имаат по само еден бод во последното коло ќе се борат за третото место и продолжување на мечевите во ЛЕ.

Да потсетиме дека на овој меч ги нема Меси, Тер Штеген и Кутињо кои добија одмор, додека Пике, Ансу Фати, Серхи Роберто, Умтити се  повредени.

 

loading...

Facebook