Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дали некој го препозна? Нејмар едвај препознатлив на тренингот

Фудбалерите на ПСЖ ќе се соочат со Галатасарај во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите утре.

Парижаните веќе обезбедија место во слденаа фаца и мечот со турскиот гигант нема резултат за нив, но подготовките за утрешниот дуел за екипата на Тухел не беа воопшто лесни.

Ниските температури и маглата им отежнуваа на фудбалерите на ПСЖ да ги завршат своите подготовки, а еден од оние на кој најтешко му падна ладно е Нејмар, чиј стил на тренинг беше особено интересен.

Популарниот бразилски фудбалер дојде на тренингот покривајќи ја целата глава, само неговите очи се гледаа, а моментот кога пристигна на тренингот брзо се прошири на социјалните мрежи.

ПСЖ и Галатасарај ќе се соочат утре со почеток во 21:00 часот.