Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дали по ова Мбапе е поблиску до одлука за заминување од ПСЖ?

-Јас сум тренер, а не Мбапе, на овој начин Томас Тухел ја објасни ситуацијата снимена покрај аут линијата по измената на напаѓачот на дваесетина минути пред крајот на мечот со Монпелје.

ПСЖ славеше со 5:0, Мбапе постигна гол за 4:0, а Тухел одлучи да го извади од игра. Ова не му се допаѓаше на напаѓачот, па крај аут линијата тренерот мораше да се дообјаснува. Ова не е прв пат двајцата да влезат во ваков конфликт.

Со оглед на тоа дека во зимскиот преоден рок, имаше големи шпекулации дека Мбапе би можел во Реал Мадрид, дали ова ќе го натера напаѓачот уште повеќе да пристиска за трансфер. Но, и ако остане, ќе работи со друг тренер. Според информациите кои одамна кружат Томас Тухел по крајот на сезоната ја презема клупата на Баерн Минхен.