Ракомет
ВИДЕО: Дами и господа, Тимур Дибиров
Вардар славеше против Нексе во гости со 31:30 и се наоѓа чекор до пласман на Ф4 во СЕХА лигата, се разбира останува уште реваншот да се одигра на 15-ти март во Скопје. На овој меч фантастичен беше Тимур Дибиров, кој според официјалниот сајт на лигата имаше 12 погодоци од 12 обиди.
Воедно СЕХА лигата еден од неговите погодоци ги прогласи за најдобар гол на мечот. Дами и господа, тоа е Тимур Дибиров.