Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дефинитивно кога Барди погодува Леванте никогаш не губи, се поблиску до опстанок

Екипата на Леванте со 4:2 попладнево го совлада Бетис и собра 41 бод и во моментов е високо над опасната зона. Уште еднаш се покажа дека кога репрезентативецот на Македонија постигнува гол, неговиот тим не губи. Тој беше стрелец на вториот од вкупно четирите погодоци на Леванте. По една контра, тој се проби во шеснаесетникот на Бетис и по земја, од тежок агол го совлада противничкиот голман. Ова е втор гол за осум дена на Барди, а четврти оваа сезона.

Откако потпиша за овој клуб Бард постигнал 16 голови. Со нив Леванте победил дури девет пати, а три меча завршиле со реми. Кога Барди постигнувал гол, Леванте никогаш не загубил натпревар.