Фудбал
ВИДЕО: Деки се врти дома
Црвена звезда го назначи Дејан Станковиќ за нов шеф на стручниот штаб. Прославениот играч од средниот ред, кој забележа многубројни успеси во текот на својата сениорска кариера, ќе биде новиот двигател на успесите на Звезда во следните две и пол години.
За Црвена звезда, тој одигра 148 натпревари, вклучувајќи ги и пријателските натпревари. Вкупно 114 официјални натпревари за „црвено-белите“, каде постигна 38 голови. Тој го постигна својот прв гол во црвено-бел дрес во 1995 година против Будуќност од Подгорица и го собори тогашниот рекорд на Драган Џаjиќ, кој беше до тогаш најмладиот стрелец во клупската историја. Станковиќ таа сезона одигра седум натпревари со Звезда и ја освои двојната круна. Во 1997 година, Станковиќ стана најмладиот капитен на Црвена звезда и најдобриот фудбалер во домашното првенство.
Како што самиот рече – Црвената звезда го испрати пред 22 години на мисија – да се врати дома еден ден – и тој се врати како тренер на тимот од Белград.