Кошарка
ВИДЕО: Денвер загуби, но Јокиќ со неговиот трипл-дабл меѓу рекордерите во НБА лигата
Никола Јокиќ постигна 26 поени, 11 скокови и 12 асистенции, сепак неговиот Денвер го загуби мечот со Сакраменто со 125-115.
Иако неговиот тим загуби сепак тој со одличната партија си обезбеди место во клупската историја. Тој стана кошаркар кој имал најмногу трипл-дабл учинок во десот на Денвер, а изби и на деветото место на вечната листа на НБА лигата. Со оглед на тоа дека има 25 години, доколку продолжи со ваквата форма сигурно дека уште ќе напредува на оваа листа.
Резултати:
Кливленд – Њујорк 86:95
Детроит – Голден Стејт 106:116
Индијана – Бостон 111:116
Филаделфија – Торонто 100:93
Вашингтон – Чикаго 107:115
Мајами – Милвоки 97:144
Орландо – Оклахома сити 118:107
ЛА Клиперс – Минесота 124:101
Феникс – Њу Орлеанс 111:86
Сакраменто – Денвер 125:115