ВИДЕО: Детето кое пред седум години доби клоца од Азар, денес е милионер

Еден Азар се смета за еден од најдобрите фудбалери кои го носел дресот на Челзи во поновата историја на клубот. Белгискиот ас зад себе остави неверојатни седум години на „Стемфорд Бриџ“, освои голем број на трофеи, но има и една црна дамка која ќе го прати до крајот на животот.

Во 2013 година, на дуелот против Свонси во Лига Купот, Азар ја направи најголемата глупост како член на Челзи, откако со нога удри дете собирач на топки, кое не сакаше да му ја додаде топката.

Чарли Морган заради тој инцидент стана многу популарен во фудбалскиот свет, а седум години подоцна тој е веќе е милионер.

Заедно со уште еден пријател, 24-годишниот Чарли отвори компанија за производство на алкохолен пијалок вотка „Ау Вотка“, кој за многу краток период стана хит на Островот и му донесе милионска заработка на основачите.