Други спортови
ВИДЕО: Девојка со својот „Мини“ погрешно свртела, па се најде среде трка
Девојка со својот автомобил марка „мини“ погрешно свртела и влетала во трка со автомобили на познатата патека Интерлагос во Бразил.
Необиченниот инцидент се случи на трката во Мерцедес Бенц Челинџ на познатата патека во Сао Паоло.
Имено, 29-годишната Рената Монти, која управувала со Mini, истакна дека учествувала во тркачки настан веднаш до Интерлагос патеката. Кратко по драг трките, таа се загубила и се нашла на патеката каде што се одвивал шампионатот на Сао Пауло.
Официјалните лица веднаш испратија безбедносно возило и им дадоа знак на тркачите да забават, додека „мини“ беше паркиран покрај работ на патеката.