Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: „Дијамант среде пустина“ – Катар го претстави третиот стадион за мундијалот

Домаќинот на фудбалскиот Мундијал во 2022 година, Катар, вчера свеченото го отвори стадионот „Образовен град“.

Настанот во Рајан беше посветен на работниците кои работеа за време на пандемијата на коронавирус.

Ова е трета арена подготвена за Светското првенство. Капацитетот на стадионот е 45.350 гледачи.