Тајмаут
ВИДЕО: Дилета го „јавна“ своето момче и порача: „Не правете го ова дома“
Атрактивната италијанска презентерка Дилета Леота конечно ужива во својата слобода последниве денови по двомесечниот карантин.
Во Италија сè уште постои голем страв од инфекција со коронавирус, но за среќа ситуацијата од ден на ден станува пооптимистичка и подобра, така што Дилета сега конечно сè повеќе време поминува забавувајќи се на различни начини.
Овој пат тоа го стори со боксерот Даниеле Скардин со кого е во врска. Тој легна и постепено стануваше додека Дилета беше на неговиот грб, на крајот го „јавна“.
„Не правете го ова дома“, ги предупредува Дилета своите обожаватели во описот на видеото што го објави на Инстаграм.