Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Динамо Загреб со специјална порака за нашиот Адеми кој стана рекордер по бројот на настапи во европските купови

Освен победата од 2:0 и пласманот во нокаут фазата од Лига Европа, мечот против Феенорд беше важен и од друг аспект за Динамо Загреб. Нашиот Аријан Адеми постави клупски рекорд со 77 настапи за Динамо во европските купови. Со ова стана првиот играч кој стигнал до таа бројка, а зад него остана натурализираниот Бразилец Самир со 76 настапи. Поради ова Динамо Загреб подготви специјално видео за 77-те настапи на Адеми во европските купови.