Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Дончиќ испиша нова страница од историјата на НБА

Лука Дончиќ е четвртиот најмлад кошаркар во историјата на НБА лигата што успеал најбрзо да стаса до 5 илјади поени во кариерата, откако ноќеска со 24 поени против Кливленд кавалирс успеа да стаса до магичната бројка.

Тој против „коњаниците“ имаше лимитирана минутажа, но тоа не го спречи за 23 минути на паркетот да биде најефикасен во својот тим со 24 поени и осум скока. Словенецот границата ја „прескокна“ со 22 години и 68 дена, а пред него се само Леброн Џејмс со 21 година и 22 дена, Кевин Дурент (21 година и 133 дена) и Кармело Ентони (21 година и 292 дена).

Пред Лука, освен Кралот Џејмс се и Кевин Дурант и Кармело Ентони, што е убаво друштво и големо признание за кошаркарот на Далас.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Њу Орлеанс 109:107, Чикаго – Бостон 121:99, Шарлот – Орландо 122:112, Мајами – Минесота 121:112, Милвоки – Хјустон 141:133, Далас – Иливленд 110:90, Јута – Денвер 127:120, Феникс – Њујорк 128:105, Портланд – Л.А. Лејкерс 106:101, Сакраменто – Сан Антонио 104:113.