Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Драма! Францускиот селектор заклучен на тераса

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, остана заклучен на терасата во хотелот во кој претстојуваат „триколорите“.

Бидејќи немал избор Дешам ги повикувал навивачите пред хотелот да му помогнат и да им јават на вработените на рецепција да го „спасат“.

  • Видеото веднаш стана хит на социјалните мрежи:

Тој се најде во непријатна ситуација, откако ја заборавил магнетната картичка и сфатил дека е сам на терасата без можност да влезе внатре. Тогаш увидел дека пред хотелот имале поголема група француски навивачи, кои ги замолил да го известат персоналот за неговиот случај, односно да дојдат и да го отклучат, што и се случило.