Кошарка
ВИДЕО: Дрим-тимот на Америка посрамотен
НБА дрим тимот на САД доживеа уште еден дебакл. Иако се работи за пријателска средба, како подготовка за Олимписките игри во Токио, сепак според резултатите не им се пишува добро. Откако во пријателски меч загубија од Нигерија, Австралија е селекцијата која им нанесе нов пораз и тоа со 91:83 среде Лас Вегас.
Пети Милс со 22 и Џо Инглс со 17 поени беа најзаслужни за австралиската победа, а Лилард со 22 и Кевин Дурант со 17 поени се истакнаа кај Американците.