Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Едно полувреме за Алиоски во поразот од Вест Хем

Лидс Јунајтед загуби во финишот од Вест Хем Јунајтед (1-2) на стартот од 12. коло во Премиер лигата. Македонскиот репрезентативен лев бек Езџјан Алиоски одигра едно полувреме како стартер и доби жолт картон, но неговиот Лидс со пресврт загуби вечерва од Вест Хем на својот „Иланд роуд“ со 1-2, запишувајќи го шестиот сезонски пораз, четврти во последните шест меча сезонава.

Лондонската екипа скокна неколку ривали на табелата, а Лидс остана на 14. позиција, со четири победи.