Фудбал
ВИДЕО: Екс-играч на „пандевци“ и Беласица со бокс нокаутира противник!
Поранешниот фудбалер на Академија Пандев, Марио Маслаќ го направи најглупавиот можен потег во кариерата денеска на рестартот на сезоната во Србија. На дуелот меѓу Напредак и Раднички од Ниш, фудбалерот на гостите, Марио Маслаќ, направи глупав потег и удри противнички играч.
Доби директен црвен картон откако се замисли дека е Мајк Тајсон, па го нокаутираше противникот.
29-годишниот Маслаќ направи трансфер во Раднички Ниш во 2019 година токму од Академија Пандев, а претходно во мак-фудбалот играше и за Беласица.